Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Регионалното одделение за статистика во Струмица беше домаќин на учениците и нивните професори од економската паралелка од гимназијата Јане Сандански во Струмица.
четврток, 26 февруари 2015

 Регионалното одделение за статистика во Струмица беше домаќин на учениците и нивните професори од економската паралелка од гимназијата Јане Сандански во Струмица.
Целта на посетата беше учениците и нивните професори да се запознаат со работата на Државниот завод за статистика во целина и особено Регионалното одделение во Струмица. Колегите од РОС Струмица на учениците им ја објаснија мисијата и визијата на Државниот завод за статистика, законските основи на кои се базира неговата работа, истражувањата што ги спроведува, со посебен осврт на пописите како најмасовна статистичка операција, при што беше посебно нагласена веб-страницата на Државниот завод за статистика како непресушен извор на податоци што можат да се користат за многу потреби.
И учениците и нивните професори изразија задоволство од посетата и надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.



© Државен завод за статистика