Денес, гости на Државниот завод за статистика беа студентите од прва година од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
За студентите беше подготвена презентација за статистиките од областа на туризмот и угостителството, со осврт на целокупното значење на статистиката во општествено-економскиот живот и влијанието што го имаат статистичките податоци во креирањето и обликувањето на политиките и стратегиите во сите области на работа и живеење.
Пред студентите беше презентирана и веб-страницата на Државниот завод за статистика со практични примери за користење на МакСтат базата на податоци.
Посетата е реализирана во рамките на соработката на Државниот завод за статистика и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.