Продолжувајќи ја традицијата на редовни годишни предавања кои произлегуваат од Меморандумот за соработка меѓу Меѓународниот балкански универзитет и Државниот завод за статистика, денес, гости на Заводот беа студенти од повеќе студиски групи на овој Универзитет.
Тема на предавањето беа методите на спроведување на статистичките истражувања и користењето на податоците од веб-страницата на Заводот.
Студентите и професорите од МБУ пројавија голем интерес за предавањето по што се разви дискусија за одредени теми за кои студентите беа посебно заинтересирани.
Државниот завод за статистика и понатаму ќе продолжи со организацијата на ваков тип на предавања, сè со цел зголемување на статистичката писменост и приближување на статистичките податоци до студентската популација.