Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работилница за Генерички закон за официјална статистика
четврток, 07 јули 2016

 

Во заедничка организација на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Статистичкиот завод на ЕУ – Евростат и Државниот завод за статистика (ДЗС), денес и утре (7-8 јули 2016 година), во Охрид се одржува Работилница за Генерички закон за официјална статистика.

На работилницата учествуваат високи претставници на статистичките институции од повеќе држави од Европа, Кавказ и Централна Азија, кои заедно со своите домаќини од Државниот завод за статистика ќе дискутираат за содржината на Генеричкиот закон, ќе ги презентираат актуелните решенија во статистичките закони на нивните држави, ќе разменуваат искуства и ќе ја оценуваат потребата од евентуални измени и дополни во Генеричкиот закон, односно потребата од измени и дополни во националното законодавство за статистиката.

Државниот завод за статистика, како домаќин, ќе биде и модератор на една од сесиите, а свое излагање ќе има и директорот на ДЗС, г-ѓа Лидија Костовска. На работилницата ќе земе учество и заменик директорот на ДЗС, м-р Дејан Станков. Претставници на ко-организатирите на работилницата се: г-ѓа Андреа Шелер, директор на Канцеларијата за статистика на ЕФТА, г-ѓа Клаудија Јункер, раководител на Одделот за статистичка соработка во Евростат, г. Габриел Гамез, советник во Статистичкиот оддел на Обединетите нации, како и други експерти.

 




© Државен завод за статистика