Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средношколци од Битола во посета на Државниот завод за статистика
понеделник, 25 февруари 2019

 

Традиционално, и оваа година Државниот завод за статистика ги пречека учениците и нивните професори од Средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола. На средбата, учениците беа запознаени со основите на статистичката дејност, Националниот статистички систем и улогата и одговорностите на Државниот завод за статистика.
Учениците од III година кои првпат го изучуваат предметот Статистика беа особено заинтересирани за видовите и методите на спроведување на статистички истражувања, а особено за најмасовната статистичка операција – пописот.
Пред учениците беше презентирана веб-страницата на ДЗС како главен канал за дисеминација на статистичките продукти и сите алатки што им ги нуди на корисниците за полесен пристап до бараните податоци. Исто така, беше презентирана и веб-страницата на Европското статистичко биро Евростат, односно интерактивните алатки за почетници во областа на статистиката.





© Државен завод за статистика