Делегација на Државниот завод за статистика, предводена од директорот, г. Апостол Симовски, беше во официјална посета на Чешкиот завод за статистика (15–16.03.2023 г.) по покана од г. Марек Ројчек, претседател.
Двата завода ја потврдија својата посветеност кон долгорочната партнерска соработка, која е одлична повеќе од 15 години, особено во доменот на националните сметки.
Темите за разговор за време на посетата беа:
- евалуација на резултатите од минатите активности;
- утврдување приоритети за наредниот период;
- обука на вработените за анализа на податоци.