Во просториите на Државниот завод за статистика на 17 април 2019 година се одржа работилница на тема „Иницирање на соработката на полето на статистички метаподатоци” со носителите на статистичките истражувања што се дел од Националниот статистичкиот систем. Работилницата е дел од активностите на пилот-проектот за метаподатоци, финансиран од Повеќекорисничката програма ИПА 2015. Стручните лица од ДЗС ги споделија со присутните на работилницата своите сознанија за основната рамка за квалитет, метаподаточниот систем, SIMS- структурата на метаподаточниот систем со примери за пополнување.