Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Појаснување во врска со податоците за растителното производство
среда, 29 март 2017

 

Во врска со податоците за растителното производство во 2016 година што Државниот завод за статистика ги објави вчера и со оглед на денешните написи во врска со овие податоци, Заводот сака да појасни дека намалувањето што се бележи кај одредени производи, во споредба со 2015 година (градинарски култури и овошје) се должи, пред сè, на неповолните временски услови во 2016 година.


Имено, во 2016 година, реоните каде што се одгледуваат овие производи, беа зафатени од поплави, а ниските температури на почетокот на 2016 година имаа неповолно влијание на овошките.


Државниот завод за статистика напоменува дека земјоделските статистики се специфични токму поради аспектот на влијанието на временските услови врз производството и приносот и затоа секогаш треба да се земаат предвид и овие влијанија.




© Државен завод за статистика