Државниот завод за статистика, на 7 и 8 април е домаќин на колеги од Агенцијата за статистика на Косово кои престојуваат во студиска посета во рамките на Повеќекорисничката програма ИПА 2012.
Целта на посетата е запознавање на колегите од Косово со работата и искуството на Државниот завод за статистика во областа на краткорочните статистики. Главни теми што ќе бидат опфатени во текот на посетата се имплементација на краткорочните статистики, начинот на прибирање на податоците, прашалниците кои се користат, пресметка на месечниот индекс на индустриското производство, како и примена на Номенклатурата на индустриски производи PRODCOM во месечното истражување за индустрија.
Посетата претставува можност за колегите статистичари од Косово да се запознаат со методите на работа на Државниот завод за статистика во оваа област и да ги применат нашите искуства во спроведувањето на пилот-проектите што се во тек во Агенцијата за статистика на Косово.