Одбележување на почетокот на проектот Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци На 29.03.2019 во Инфо Центарот на ЕУ беше организиран настан со којшто се одбележа официјалниот почеток на проектот финансиран од ЕУ за „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци”. Проектот има за цел да го подобри квалитетот и достапноста на статистичките податоци во Република Северна Македонија и да го унапреди нивното користење во изработката и координацијата на јавните политики. Во текот на наредните три години Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија ќе добие техничка помош, консултантска поддршка и совети за тоа како да се прилагодат на најдобрите практики и барања на законодавството на ЕУ во делот на статистиката. Целната група на проектот ги вклучува и другите институции коишто креираат статистички податоци, како што се Народната банка и Министерството за финансии, организациите што обезбедуваат податоци и корисниците на официјални статистички податоци. Проектот се состои од 4 компоненти:
На овој настан присуствуваа директорите на НСИ Бугарија и на ДЗС на Република Северна Македонија, претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и на јавната администрација на Република Северна Македонија, како и на институциите кои се дел од статистичкиот систем на земјата. Во рамки на презентациите и дискусиите во повеќе прилики беше нагласена важноста и значењето на подобрувањето на статистичкиот систем на Република Северна Македонија во согласност со законодавството на ЕУ, не само затоа што тоа е предуслов за започнување на преговорите по другите важни поглавја на законодавството на ЕУ, туку исто така бидејќи со тоа се поддржува подобро одлучување во однос на јавните политики засновано на цврсти докази. Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на ИПА II 2017 Програмата. Истиот ќе трае три години и ќе заврши во февруари 2022 година. Буџетот изнесува 1 648 500 евра. Проектот ќе го спроведува Конзорциумот на БИМ Консалтинг и Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија. За повеќе информации стапете во контакт со г-а Елена Славкоска на e.slavkoska@bim-bg.com .