Вчера се одржа 13-тиот состанок на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија. Во согласност со делокругот на Поткомитетот, дневниот ред ги опфати следните области: економски и монетарни случувања во Република Македонија и во ЕУ; односите на Република Македонија со меѓународните финансиски институции; преглед на состојбата на пазарот на трудот; слободно движење на капиталот, финансиска контрола; статистика, како и претпристапни прашања – Програма за економски реформи (ПЕР) и финансиската соработка со ЕУ. Учесници од Државниот завод за статистика беа директорот на Државниот завод за статистика, г-ѓа Лидија Костовска и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков. Државниот завод за статистика го истакна постигнатиот напредок во областа на статистиката, особено во однос на: