Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Презентација на градежните статистики
среда, 09 март 2016

 

Во рамките на соработката со Стопанската комора на Република Македонија, денес пред членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Република Македонија се одржа презентација на градежните статистики што ги продуцира Државниот завод за статистика.


Презентацијата ја отвори заменикот-директор на Заводот, м-р Дејан Станков, кој зборуваше за значењето и важноста на официјалните статистики кои се круцијални за донесување на одлуки, функционален пазар и ефективна регулатива, со посебен осврт на градежните статистики и нивната улога во креирањето на македонската економија.


Стручните лица од Одделението за градежни статистики ги презентираа истражувањата што ги спроведува ДЗС од оваа област, податоците што се продуцираат, начинот на прибирање на податоците од деловните субјекти од областа на градежништвото, а посебен акцент беше ставен на користењето на податоците, односно расположливоста на податоците на веб-страницата на ДЗС и во базата на податоци МакСтат.


Присутните на презентацијата изразија задоволство од ваквиот тип на презентирање на работата на ДЗС во областа на градежништвото при што беше потенцирана меѓусебната спрега што мора да постои помеѓу Државниот завод за статистика и деловните субјекти со цел да се продуцираат навремени, точни и меѓународно споредливи податоци.

 




© Државен завод за статистика