Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Претставување на Државниот завод за статистика пред Сојузот на стопански комори на Република Македонија
вторник, 13 октомври 2015

 

На 9 октомври 2015, во просториите на Сојузот на стопанските комори се одржа средба на преставници на Државниот завод за статистика со стопанственици, членови на Комората.

Претставниците на ДЗС преку две презентации претставија дел од тековните активности на Државниот завод за статистика.

Првата презентација го опфати значењето на Светскиот ден на статистиката, активностите што ги спроведува Државниот завод за статистика, како и значењето на соработката со бизнис заедницата. Заменикот-директор на ДЗС, м-р Дејан Станков, ја потентцираше потребата и постоењето на статистичките податоци низ историјата, развојот на статистиката во Република Македонија во 70-годишното постоење на Државниот завод за статистика, како и трендовите во современата статистика. Исто така, беше потенцирана и улогата на бизнис заедницата како давател на податоци и како корисник на статистички податоци, како појдовна точка за бизнис одлучувањата на сите деловни субјекти.

Втората презентација, „Воспоставување на електронски систем за прибирање на податоци“, презентирана од страна на Мирјана Бошњак и Валентина Тодорова Христовска, всушност беше претставување на системот за електронско прибирање на податоци -еСТАТ, при што беа објаснети карактеристиките на системот кој овозможува поедноставно и побрзо доставување на квалитетни податоци од страна на извештајните единици што придонесува за намалување на нивната оптовареност.

Сребата се одржа во рамките на одбележувањето на 70 години од постоењето на ДЗС, како и одбележувањето на Светскиот ден на статистиката, 20 октомври.

 

   




© Државен завод за статистика