Делегација од Државниот завод за статистика, предводена од директорот Апостол Симовски учествуваше на годишната Конференција на европски статистичари, која оваа година се одржа на 22 и 23 јуни, во Женева, Швајцарија. Темите кои се дискутираат на Конференцијата се секогаш актуелни и во согласност со промените во општеството. Една од овогодинешните теми беше премин кон користење на open-source технологии. Имено, голем број на статистички заводи преминуваат или планираат да преминат од користење на традиционални софтвери во користење на open-source технологии, како што се R или Python. На Конференцијата се дискутираше за овие промени, кои се стратешките предизвици и влијанија, како и искуствата на земјите при подготовките за ваква трансформација.
Државниот завод за статистика редовно учествува на Конференцијата на европски статистичари и редовно ги следи новините и препораките кои произлегуваат од истата.