Денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Американ колеџ кои заедно со своите професорки по предметот Макроекономија, проф. д-р Благица Петрески и проф. д-р Маја Парнаџиева, го проследија предавањето на директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, на тема Основни економски индикатори.
Директорот Станков, во своето предавање ги објасни основните методолошки концепти на податоците за бруто-домашниот производ, инфлацијата, сиромаштијата и активноста на населението, начинот на нивна пресметка и соодветно толкување.
Предавањето беше организирано во рамките на активностите на ДЗС со академската заедница за ширење на статистичката писменост и за зголемување на свесноста за значењето на официјалната статистика.