Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Соработка на Фондот за население на ОН и Државниот завод за статистика во областа на пописните политики
четврток, 26 јули 2018

 

Фондот за население на ОН (УНФПА) и Државниот завод за статистика деновиве во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање што предвидува јакнење на националните капацитети за собирање на податоци за населението, анализа, дисеминација и користење во развојните политики.


Во текот на следните три години, Фондот за население на ОН ќе обезбеди техничка помош за унапредување на статистиките на населението, вклучувајки го и пописот. Досегашната соработка продолжува во насока на поддршка за зголемување на свесноста и знаењето на населението за важноста на официјалната статистика, како и континуиран дијалог со невладиниот сектор во однос на потребите за податоци за населението.


Генералната цел на Меморандумот за разбирање е да се обезбеди мониторинг на напредокот во спроведувањето на националните политики и стратегии поврзани со социјалната инклузија и репродуктивното здравје на адолесцентите, жените и мажите во државата, како и други национални и меѓународни обврски што се во согласност со Партнерството за одржлив развој на ОН за периодот 2016-2020 што го потпишаа Владата и тимот на ОН во државата.




© Државен завод за статистика