Денес во Скопје започна тридневната Заедничка сесија на ОН/ЕКЕ и Евростат посветена на доверливоста на статистичките податоци.
На отворањето на Конференцијата чијшто домаќин е Државниот завод за статистика на Република Македонија, в.д. директорот на Заводот, г.Апостол Симовски, се осврна на значењето на доверливоста на индивидуалните податоци потенцирајќи ги трите основни столбови на кои се базира доверливоста, а тоа се:
1. Фундаменталниот принцип на Обединетите нации според кој сите податоци за индивидуални лица и деловни субјекти прибрани за продукција на статистички податоци , можат и смеат да се користат исклучиво за статистички цели; 2. Постоење на законодавство кое ќе им наметне законска обврска на статистичките институции за заштита на индивидуалните податоци; 3. Градење на доверба кај давателите на податоци во статистичките институции во однос на доверливоста и заштитата на индивидуалните податоци.
На Конференцијата учествуваат 80 претставници на академската заеднница, меѓународни организации, статистички институции од целиот свет, кои во следните три дена ќе презентираат над 40 трудови.