Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Завршен состанок на проектот „Зголемена достапност и употреба на официјалната статистика во Северна Македонија“
петок, 07 јуни 2024

 

Во Државниот завод за статистика се одржа завршен состанок  на проектот „Зголемена достапност и употреба на официјалната статистика во Северна Македонија“, кој е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Сида, а се спроведува во соработка со шведскиот завод за статистика (Статистика Шведска).

На состанокот се презентираа најважните постигнувања во рамките на проектот, а воедно се дискутираше и за продолжување на соработката. Втората фаза од соработката со Статистика Шведска, повторно поддржана од Сида, ќе продолжи од август 2024. За таа цел, на овој состанок беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Статистика Шведска.

 




© Државен завод за статистика