Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Квалитетни статистички податоци – основа за креирање на развојни демографски политики
четврток, 02 декември 2021

 

На маргините на Конференцијата „„Обликување на демографската иднина на Европа“, која се одржува вчера и денес во Софија, Република Бугарија, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, оствари средба со извршната директорка на УНФПА, Наталија Канем, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. 

На средбата беше потенцирана важноста на официјалните статистички податоци како основа за креирање на развојни демографски политики за справување со предизвиците со кои е соочен регионот на Балканот и пошироко, а тоа се, пред сè, стареењето на населението, фертилитетот, родовата еднаквост, поврзаноста меѓу демографијата и демократијата итн.

Госпоѓа Канем ја истакна важноста на успешно спроведениот Попис 2021 во Република Северна Македонија и поттикот што пописните податоци ќе го дадат за креирање на нови програми за унапредување и натамошен развој на сите активности што се преземаат на планот на демографскиот развој на државата и регионот во целина.

Беше истакната и извонредната соработка меѓу двете институции,  Државниот завод за статистика и УНФПА, која во иднина уште повеќе ќе се интензивира имајќи ги предвид потребите на општеството за навремени и квалитетни официјални статистики.

Македонската делегација на Конференцијата за сочинуваат министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, и други претставници од различни области, како и од националната канцеларија на УНФПА.

  




© Државен завод за статистика