Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работна средба за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите
петок, 29 јануари 2021

 

Почитувани,

Во рамки на тековните активности на Државниот завод за статистика за успешно спроведување на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, на 29.01.2021 година, со почеток од 12:00 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, ќе биде организирана работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава. 

Средбата има за цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот.

На работниот состанок ќе присуствуваат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собрание, Талат Џафери и Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Согласно актуелната состојба и протоколите за заштита од Ковид-19, обраќањата на Претседателот на РСМ, г. Пендаровски, Претседателот на Собранието на РСМ, г. Џафери и на Премиерот на РСМ, г. Заев, ќе можат да се следат во живо на нивните профили на социјалните медиуми.

По завршување на настанот целосен медија пакет со интегралните обраќања, фотографии и видео материјал ќе биде испорачан до медиумите.

 




© Државен завод за статистика