Денес, директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, оствари средба со г-ѓа Маргарита Спасеновска, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Канцеларијата во Скопје.
На средбата беа истакнати важноста на соработката помеѓу ДЗС и СЗО во рамките на воспоставувањето систем на здравствени сметки, како и потребата од јакнење на капацитетите на институциите носители на здравствениот и статистичкиот систем во нашата држава, со цел динамизирање на активностите поврзани со развојот на здравствените статистики.
Директорот на Заводот истакна дека активностите за развивање на здравствените статистики и плановите за трансмисија на податоците до Евростат се приоритет вклучен во твининг-проект финансиран од ЕУ.
Активностите за развивање на системот на здравствените сметки, како еден од најсеопфатните и најдеталните на глобално ниво, ќе продолжат и во иднина.