Денес и утре во Крушево се одржува состанок на Групата за политики за статистичка соработка на кој учествуваат статистичките институции од земјите од регионот (Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Турција), како и делегација на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија, предводена од генералниот директор на Евростат, Мариана Коцева.
На состанокот ќе се дискутираат промените што се случуваат во Европскиот статистички систем и Евростат, и како тие ќе се рефлектираат на земјите-кандидати за членство во Европската унија.