Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Назначен нов директор на Државниот завод за статистика
среда, 07 август 2024

 

Д-р Дејан Станков ја презеде функцијата в.д. директор на Државниот завод за статистика.

Тој доаѓа од позицијата самостоен советник аналитичар во Дирекцијата за статистика во Народната банка. Има 15 години искуство во областа на официјалната статистика во македонскиот статистички систем, вклучително и како заменик-директор на Државниот завод за статистика (2014-2017). Неговата професионална кариера е збогатена со стажирање во Евростат, како млад статистичар во 2011 година. Станков е доктор на економски науки и магистер по економски науки од областа на монетарната економија.

Има учествувано на бројни статистички конференции, семинари, работилници и состаноци на експертски групи организирани во рамките на Европскиот статистички систем, како и учество на интензивни курсеви од областа на статистиката организирани од ММФ.

По неговото назначување, д-р Станков ја потенцираше неговата посветеност за оправдување на довербата која му е дадена со поставувањето на ова значајна функција:

„Свесен за одговорноста којашто доаѓа со оваа позиција, силно ќе се посветам на понатамошен развој на македонскиот статистички систем преку производство на независни, непристрасни и висококвалитетни статистички информации, хармонизирани со европските и меѓународните стандарди, со цел понатамошно унапредување на демократијата и пазарната економија.

Убеден сум дека со посветеност, ентузијазам, знаење и поддршка од Владата и другите општествени чинители, но, пред сè, заедно со вработените во Државниот завод за статистика, ќе продолжиме со трансформирање на МАКСТАТ во современ статистички институт по примерот на развиените земји членки на ЕУ“.




© Државен завод за статистика