Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Комората на сметководители
петок, 17 јануари 2025

 

Денес, 17.01.2025 година, Државниот завод за статистика и Комората на сметководители потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да ги унапреди досегашната соработка и размената на информации и ресурси.

Сметководителите се значаен партнер на Државниот завод за статистика, клучни во обезедувањето на висококвалитетни статистички податоци. Со овој Меморандум, двете институции се залагаат за поефикасно и поефективно собирање на статистичките податоци, намалувајќи го административниот товар за извештајните единици со истовремено унапредување на практиките во статистиката и сметководството.

Меморандумот ќе овозможи подобра координација помеѓу двете институции, организирање на заеднички настани со акцент на усогласувањето на статистичките и сметководствени прописи и стандарди, како и на поддршката во процесот на квалитетно финансиското известување, со цел добивање точни, прецизни и сеопфатни податоци што се предмет на статистичка анализа.

 

  




© Државен завод за статистика