Твининг-проектот на ЕУ „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста со стандардите на ЕУ“ ќе се спроведува заеднички од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија и конзорциумот на Националниот институт за статистика на Италија, како лидер, и Заводот за статистика на Словенија, како јуниор земја-членка. Во периодот од 7 до 9 јуни 2016 година, во Државниот завод за статистика се одржа иницијалниот состанок на твининг-партнерите на кој се дефинираа активностите кои ќе бидат дел од проектот.
Беа остварени и работни средби со претставник на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, како и со претставник од Секторот за централно финансирање и склучување договори.
Реализацијата на твининг-проектот се очекува да започне во октомври 2016 г.