Во седиштето на Статистичкиот завод на Европската Унија – Евростат, се одржува скрининг состанок за поглавјето 18 Статистика, како дел од процесот на започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ. Националниот статистички систем на Република Северна Македонија е претставуван од тим на статистичари предводени од директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски. Македонската делегација е предводена од г. Бојан Марочиќ, вице-премиер за европски прашања и главен преговарач за Република Северна Македонија.
Целта на овој скрининг состанок е да ги запознае земјите кандидати со правото на Европската Унија и да ги подготви за преговорите. Од друга страна, има за цел и да ѝ овозможи на Европската Комисија да го оцени степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.
Поглавјето 18 Статистика е дел од првиот кластер на поглавја, Фундаментални вредности. Активностите во ова поглавје овозможуваат Националниот статистички систем соодветно да ги исполни барањата на правото на ЕУ во областа на статистиката. Правилата и политиките на ЕУ во оваа област имаат за цел обезбедување на висококвалитетни статистички податоци во согласност со регулативите на ЕУ и со меѓународните препораки.