Со цел унапредување на соработката помеѓу двете институции, во Државниот завод за статистика се одржа состанок помеѓу директорот на Заводот, г. Дејан Станков и претставниците на Меѓународната организација на трудот, г. Емил Крстановски и г-ѓа Наташа Мечкароска Симјаноска.
На состанокот двете страни ја потврдија заложбата за интензивирање на соработката и ја потенцираа важноста на статистичките податоци што ги произведува Заводот во креирањето на политики, мерки и активности за подобрување на состојбата на пазарот на труд во земјава.
Договорено е да се обнови Меморандумот за соработка и беа дискутирани можните активности за соработка во 2025 година.