Во рамките на соработката со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методи“ во Скопје, Државниот завод за статистика беше домаќин на студентите од прва година од Институтот за семејни студии кои заедно со нивните професори го посетија Заводот со цел да се запознаат со улогата и задачите на нашата институција. На почетокот беа презентирани основните податоци за Заводот, а потоа студентите имаа можност да ја проследат презентацијата на колегата Јане Крстески за најголемата статистичка акција - пописите на населението. И, секако, сето ова на крајот го заокружи колегата Горан Киранџиски со презентација на веб-страницата на ДЗС како основно средство за дисеминација на сите продукти на Заводот. Студентите и професорите изразија задоволство од посетата и најавија нови групи студенти кои би сакале да слушнат предавања на статистички теми.