На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.
На состанокот се дискутираше за чекорите кои водат кон модернизација на статистичките процеси, зајакнувањето на капацитетите и создавањето поефикасни системи.
На состанокот исто така беа разгледани можностите за идна соработка помеѓу ДЗС и Активноста во насока на обезбедување поддршка за инфраструктурата на ДЗС, како и експертиза за решавање на техничките и системски предизвици со цел оптимизација на процесите и постојан развој на расположливите капацитети.