Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Заводот за статистика на Република Словенија чија што цел е развивање и унапредување на статистичките системи во двете земји. Меморандумот предвидува активности во насока на споделување добра пракса, размена на искуство, воспоставување мрежи итн., истовремено промовирајќи професионално однесување во согласност со Фундаменталните принципи на официјалната статистика на Обединетите нации и Кодексот за работа на европската статистика.