По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето со објавување на инфографик со податоци за темата на годинешново одбележување - дијабетесот. Годинава, Светската здравствена организација (СЗО) се одлучи да го сврти вниманието на јавноста кон ова заболување и да ја зголеми свесноста за ризиците што ги носи, но и за превенцијата од неговото ширење. Под мотото на СЗО „Победи го дијабетесот“, Државниот завод за статистика во пригодниот инфографик објавува податоци за дијабетесот во Република Македонија, но и во светски рамки.
„Победи го дијабетесот“