Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Конкурсот за реонски попишувачи останува отворен до 25 август
среда, 18 август 2021

 

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати ќе се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот од денес (18.08.2021) до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање за што ќе следат навремени информации.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени денес во комисиите на пописните реони. За контакт со овие комисии и за дополнителни информации поврзани со тестирањето можете да погледнете на следниот линк:

Попис 2021 (stat.gov.mk)




© Државен завод за статистика