Државниот завод за статистика беше домаќин на студентите од “Меѓународниот Балкански Универзитет” од Скопје , кои заедно со своите професори беа запознаени со работата на заводот и на кои им беа презентирани темите: прибирање на податоци , избор на примерок и контрола на податоци. Презентациите предизвикаа соодветен интерес кај студентите кои со своите конструктивни прашања отворија дискусија на темата и пошироко за домените на работа на заводот за статистика.
Наскоро се очекува потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции, кои ќе биде основа за идна успешна соработка.