Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар
среда, 16 октомври 2024

 

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

И двете страни ја потврдија досегашната успешна соработка која се базира на потпишаниот Меморандум и редовното доставување на податоци, а особен акцент беше ставен на подготовката на Националната класификација на дејностите НКД рев2.1 чијашто имплементација ќе започне од 1 јануари 2025 година.

 

  

 




© Државен завод за статистика