Државниот завод за статистика спроведува низа истражувања во кои извештајни единици се домаќинствата и лицата-членови на тие домаќинства.
Дел од статистичките истражувања Државниот завод за статистика ги спроведува преку анкети кои се базираат на примерок. Рамка за избор на примерокот претставуваат статистичките регистри кои се водат во Заводот. Домаќинствата се бираат по случаен избор. Од причина што Државниот завод за статистика спроведува повеќе анкети со различна методологија, постои веројатност истото домаќинство да биде избрано во повеќе анкети или во иста анкета да биде избрано повеќе пати.
За спроведување на анкетите во Државниот завод за статистика постои анкетарска мрежа. Анкетите на терен ги спроведуваат анкетари кои анкетирањето го вршат со помош на прашалници, а од 2012 анкети се прават и преку телефон. Но, првично, домаќинството го анкетира анкетар кој го посетува домаќинството. Доколку анкетарот ве контактирал во несоодветно време за вас, кажете му го времето кога ви одговара да ви се јави или посети. Анкетарите задолжително носат овластување издадено од Државниот завод за статистика. Вие секогаш можете да го потврдите идентитетот на анкетарот контактирајќи го Државниот завод за статистика на следниот линк: http://www.stat.gov.mk/Contact.aspx